Оглас за вработување во МкМаге
MkMage бара амбициозна и високо мотивирана личност, за позиција Python програмер, подготвена на предизвици и работа во динамична работна околина.
Должности и одговорности:
Идеалниот кандидат треба да има технички писмени и усмени комуникацики вештини. Како дел од инжинерскиот тим, кандидатот ќе биде одговорен за план, дизајн, развој, дебагирање, имплементација и поддршка. Кандидатот ќе биде исто така одговорен за девелопмент на алатки за пристап на клиентите.
Потребни вештини:
2+ години искуство во работа со:
• Одлично/темелно познавање на Python. Пожелно е познавање на развој на API interface со користење на Python.
• Искуство со Django и други средини.
Пожелно е кандидатот да ги поседува следниве вештини:
• Работно искуство со Java/J2EE/C++/OOP.
• HTML/CSS, Javascript, Web Services.
• Работно искуство со Distributed systems, storage systems.
• Искуство со други програмски јазици, како што е PHP.
Детален опис и потребни квалификации:
Девелопмент, пронаоѓање и решавање на проблеми поврзани со софтверски програми, со бази на податоци, апликации, алатки, мрежи итн.
Како член на софтверско-инжинерскиот оддел, кандидатот ќе земе активно учество во дефинирањето и подобрувањето на стандардните пракси и процедури. Кандидатот ќе биде одговорен за дефинирање и девелопмент на софтвер и решавање на проблеми со софтверски апликации.
MkMage бара личност која што беспрекорно ќе функционира како во индивидуална, така и во тимска работна средина. Дипломиран инжинер во областа на Информатичка технологија или еквивалент на оваа област. Две годишно искуство во областа на софтверско инжинeрство или работно искуство поврзано со таа област.
Пријавете се на igor@mkmage.com