Пристигнуваат нови безжични USB стикчиња

Пристигнуваат нови безжични USB стикчиња

Подготвил: Тамара Гроздановски

wi-fi

Со високите резолуции на видеа и фотографии, без воопшто да сте свесни, добивате нотификација на телефон дека вашиот паметен телефон нема повеќе меморија.


Повеќето од нас користат микро SD картичка за зголемување на капацитетот за складирање, меѓутоа доколку сте поголем обожавател на музика или сакате да ги чувате сите фотографии од вашите пријатели и семејство, тогаш знаете колку значи да имате место.

SanDisk донесе одлично решение за уредите кои имаат wi-fi како паметните телефони - iPhone, Samsung Galaxy и други. Станува збор за Connect Wireless Stick со 128 гигабајти простор за складирање. Нормално, станува збор за преносливо стикче кое безжично пренесува се` она што ви е потребно.



SanDisk претходно го создаде првиот USB drive за телефони со Type-C Connector за погодност на потрошувачките. Компанијата и претходно имаше создадено безжични стикчиња, меѓутоа ова е најголемиот - 128 гигабајти додека претходните изнесуваа 16 гигабајти, 32 и 64.

Со цена од 99 долари, овa одлично безжично USB ќе ви даде одлична алтернатива за работите на вашиот телефон.