Професионалните предизвици кои ве очекуваат по студирањето

Професионалните предизвици кои ве очекуваат по студирањето

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Вистинскиот свет“ кој сите го опишуваат како периодот кога започнувате да живеете самостојно, обично по студирањето, не е ист за секого. Најчесто, тој ќе биде многу поразличен од она што го замислувате.


Форбс“ го опишуваат како „училиште на тешки падови“. Овие падови се професионални неуспеси кои не може да се предвидат, можности кои се премногу добри за да бидат вистински и моменти кои не успевате да ги доживеете, а сакате. Меѓу другото, може да се случат следниве сценарија од овој вид:

Работата од соништата е ужасна

Она што изгледа совршено отстрана може да има многу скриени несовршености кои обесхрабруваат и влијаат повеќе од очекуваното. Меѓутоа, ова може да доведе до нешто неочекувано и добро. Велат дека секоја затворена врата отвора две нови.

Ужасно интервју

Може да сте во потрага по работа со месеци, а потоа да не бидете доволно подготвени за интервјуто за работа кое ќе го добиете. Секое интервју бара ваше и нечие време. Сè може да се случи. Потрудете се да се подготвите соодветно за следниот пат.

Сакавте да кажете „да“

Кога сте во долга потрага по работа, секоја можност може да изгледа совршено на почетокот. Подгответе се да направите таква грешка и да кажете „да“ на нешто што не би помислиле да го работите.

Не напредувате или добивате отказ

Понекогаш може да бидете подобри од сите и да не бидете унапредени. Уште полошо, може да добиете ненадеен отказ поради разни причини дури и доколку причината не сте вие. Во овој случај, не заборавајте дека проблемот не е во вас.

Имате ужасен претпоставен

Многумина имале искуство со претпоставен кој се однесувал лошо кон нив. Ова е само еден предизвик, со оглед на тоа што мора да научите да се согласувате со луѓе кои не ви се допаѓаат.

Правите грешки

Дури и најголемите професиналци грешат и не препознаваат дека грешат. Ова нè прави луѓе. Наместо да ја прекриете грешката, преземете ја вината и поправете ја грешката.

Се дружите со погрешните колеги

На работното место не е лесно да се најдат вистински пријатели. Впрочем, многумина не го покажуваат вистинското лице на работното место, па така може да завршите со погрешните лица. Никогаш не е доцна да го најдете совршениот партнер во работата.