Експертите докажаа дека килажата не е битна за изгледот

Експертите докажаа дека килажата не е битна за изгледот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Индексот на телесна тежина се смета за мерка на добрата форма на телото, но женските тела имаат различни градби. Една фотографија ги покажува работите од поинаков аспект.


За време на еден проект, шест различни типови жени со иста висина (170 центиметри) и тежина (66 килограми) и индекс на телесна тежина (22,8) биле споредени една до друга. Тие би требало да изгледаат слично, не? Се случило нешто малку неочекувано.

Body labs“ стои за експериментот за телесна форма кај жените. Тие направиле графички приказ на женското тело според податоците од мерките на повеќе од 200 жени кои биле во 6-те основни типови градби.

Во експериментот се покажува дека телата може да бидат сосема различни, без оглед на телесната тежина и дека телесните маснотии се распоредуваат различно. Очигледно, тежината не е толку битна на крајот.