Оглас за вработување во Пекабеско

Оглас за вработување во Пекабеско

ПЕКАБЕСКО АД
Ул.10 бр.44 Кадино,Илинден

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ  ОД УСПЕШНИОТ ТИМ
НА  КОМПАНИЈАТА ПЕКАБЕСКО АД
КОЈА Е

производител на сувомеснати производи , трговец, увозник, извозник на големо со прехранбени производи и дистрибутер која заради остварување на целите Ви ja нуди  слободнава работнa позиција:


ДИРЕКТОР НА СМЕТКОВОДСТВО


Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

    Економски факултет - отсек сметководство и ревизија
    Со најмалку 10 години работно искуство поврзано со работните задачи
    Да бил  најмалку 6 години на раководно место поврзано со работните задачи
    Да поседува Уверение за овластен сметководител
    Да има организаторски способности
    Познавање и континуирано следење на законска регулатива
    Да има способност да работи и одлучува во стресни ситуации
    Одлични компјутерски вештини ( MS-Office , internet, windows)
    Познавање на сметководствени стандарди
    Менаџерски,комуникациски и аналитички вештини, самоиницијативност, прецизност, одговорност, лојалност и чесност
    Познавање на деловен англиски јазик
    Трудољубиви со воља за работа
    Способност за тимска работа
    Возачка дозвола Б категорија


Одговорности и задачи:

    Поднесување  на месечна  ДДВ пријава
    Подготовка на завршна сметка
    Контрола на работата во сметководство- на книжења на изводи,увози и др. од сите дејности на работа
    Комуникација  со странки и институции


Работниот однос се склучува со пробна на одредено време 6 месеци со можност за продолжување,нето плата  90.000,00 ден, работното време е понеделник – петок ,а неделното работно време изнесува 40 часа,избор ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување  во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Напомена - молбите на кандидатите кои немаат работно искуство во струката нема да се разгледуваат.

Испратете го вашето CV ( молба ) na e-mail cv@pekabesko.com.mk
 
Апликациите да се достават заклучно со 01.09.2015 година.
Ќе бидат контактирани кандидатите  кои ги задоволуваат критериумите.

Пекабеско АД