Отворен е конкурсот за графика

Отворен е конкурсот за графика "Ex-Yu"


Конкурсот за графика „Екс-Ју“ е отворен од страна на Високата школа за туризам во Белград, Здружението на ликовни уметници на Србија и авторката Наташа Бркиќ. На конкурсот може да учествуваат ликовни уметници од Србија, Македонија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и студентите по ликовни уметници од овие држави.

Темата на конкурсот е „Дестинација“. Делото мора да биде графика на хартија од формат Б1. На конкурсот може да се испратат само дела кои се направени во последните две години, а нема да бидат прифатени цртежи, скици и фотокопии. Делата се испраќаат по пошта.

Ќе бидат доделени награди за најдобар графичар и најдобар студент графичар. Конкурсот трае до 13 ноември.

Официјален повик.