Временска прогноза за денес и какво време не` очекува викендот што следува?

Временска прогноза за денес и какво време не` очекува викендот што следува?



Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево и топло. Попладне во западните и северозападните предели зголемување на облачноста, а локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност и можност за врнежи од дожд и грмотевици. Ќе имаме слаб јужен и југоисточен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува и источен ветер.

Утринските температури од 15 до 25 степени, а максималните температури ќе достигнат до 29 односно до 40 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 22 степени, а максималната дневна ќе достигне до 37 степени. УВ индекс 9.

Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и многу топло. Во попладневните часови во западните предели постојат услови за слаби локални врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 29 до 40 степени.

Услови за локални врнежи во попладневните часови ќе има и во наредените денови во сабота, недела и понеделник. Овие врнежи пред се ќе бидат од локален карактер. Минималните температури од 13 до 25 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 28 односно до 39 степени.

Weather4all.com.mk