Објавена листа на најдобрите универзитети во светот - Македонија не е на листата

Објавена листа на најдобрите универзитети во светот - Македонија не е на листата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Резултатите од најновото истражување за квалитетот и условите во образованието на универзитетот во светот покажуваат дека меѓу најдобрите се наоѓаат само неколку високообразовни институции од земјите на Балканот.


Според резултатите, најдобриот универзитет во светот е американскиот „Харвард“, а следуваат „Стенфорд“, Технолошкиот институт во Масачусетс, „Кембриџ“, „Оксфорд“, „Колумбија“, Универзитетот во Калифорнија, Универзитетот во Чикаго, „Принстон“ и „Корнел“. На престижната листа од најдобрите десет универзитети, дури осум се американски.

На листата од 1.000 најдобри универзитети, само четири се балкански земји од нашата околина. Од земјите во регионот, на целосната листа се најдоа универзитети од Хрватска, Србија и Словенија, додека на листата нема универзитет од Македонија, Б и Х, Албанија, Косово и Црна Гора.

Универзитетот во Љубљана се наоѓа на 504 место, а Универзитетот во Марибор на 820 место на листата. Универзитетот во Загреб се наоѓа на 551 место, а Универзитетот во Белград на 726 место.

Од останатите земји од поширокиот регион на листата се најдоа 12 универзитети од Австрија, еден од Бугарија, седум од Грција, шест од Унгарија, два од Романија, еден од Словачка и десет од Турција.

Најмногу универзитети на листата има САД (223), а следуваат Кина (83), Јапонија (74), Велика Британија (65), Германија (55), Франција (49), Италија (47), Шпанија (40), Јужна Кореја (36), Канада (33), Австралија (27), Тавјан (21), Бразил (18) и Индија (16).