Пријавување за регионална младинска размена во Албанија
Шведскиот национален младински совет заедно со младинскиот центар „Перспектива“ организираат регионална младинска размена на тема „Youth transforming conflict online and offline“ во Албанија од 19 до 23 септември годинава. Сите трошоци се покриваат од страна на организаторите.
Кандидатите треба да бидат номинирани од страна на младинска организација во Албанија, Б и Х, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Швајцарија, да се на возраст од 18 до 30 години, да се мотивирани од темата, да зборуваат англиски јазик.
Конкурсот трае до 4 август.
Официјален повик.