Стипендии за магистерски студии на Универзитетот во Турин, Италија
Универзитетот во Турин доделува 12 стипендии за меѓународни студенти кои сакаат да се запишат во првата година од магистерскиот циклус студии на универзитетот.
Стипендиите ги покриваат школарината и трошоците за живот во Италија, а целосната сума на стипендијата изнесува 9.000 евра годишно, 750 евра месечно за период од 12 месеци. Се доделуваат 6 стипендии за дипломци од земји членки на ЕУ, 3 за студенти од Кина и 3 за сите останати земји.
Пријавувањето трае до 26 август.
Официјален повик.