Апликација за наоѓање бесплатен интернет во близина

Апликација за наоѓање бесплатен интернет во близина

Подготвил: Драгана Петрушевска

Сите сме во потрага по апликација која ќе ни покажува каде има слободна интернет-мрежа за користење. Таква апликација постои, и тоа за телефоните на „Андроид“.


Едноставно, апликацијата овозможува гледање карти со места на кои се наоѓаат отворени Wi-Fi мрежи со бесплатен интернет. Апликацијата е наречена „WiFiMapper“.

Зелените точки на мапите означуваат места на кои бесплатно може да се користи интернет со лозинка или без лозинка. Апликацијата го овозможува ова со помош на „Foursquare“.

На мапата има и точки со сива боја, кои означуваат затворени мрежи.

Инженерите кои стојат зад апликацијата имаат цел да ја развијат апликацијата за користење и без интернет.

WiFiMapper