Ден во животот на дете-војник на Исламската држава

Ден во животот на дете-војник на Исламската држава

Подготвил: Драгана Петрушевска

Припадниците на Исламската држава штотуку објавија видео од просечен ден на децата кои војуваат за групата.


Според видеото, денот започнува со верско образование во мала училница. Нивниот наставник е наоружан. Наставата завршува со молитва, а некои ученици веќе се облечени во униформи за воени вежби во текот на денот. Воените вежби се состојат од обуки за користење на огнено оружје и борба без оружје.

Видеото завршува со закани на непријателите, кои овојпат ги упатуваат децата.