Натпревар за визуелизација на податоци на Обединетите нации

Натпревар за визуелизација на податоци на Обединетите нации


Одделот за статистики на Обединетите нации објавува повик за учество на натпреварот за визуелизација на податоци. Предизвикот е дел од прослава за светскиот ден на статистиките.

Учесниците треба да создадат инфографик или динамична визуелизација со најновите податоци од извештајот за развој на младите генерации во 2015 година. Предизвикот се препорачува за дизајнери, програмери и податочни истражувачи. Победниците ќе бидат прогласени на светскиот ден на статистиките.

Конкурсот трае до 20 септември.

Официјален повик.