Поволностите кои ги има секој родител во Финска

Поволностите кои ги има секој родител во Финска

Подготвил: Драгана Петрушевска

Доколку сте во врска и сакате да формирате семејство, можеби треба да размислите за преселување во Финска. Родителите имаат многу поволности во Финска.


На пример, секој родител при раѓањето на детето добива „бебешка кутија“ која има облека, пелени, средства за хигиена, книги за бебиња итн. Во кутијата има и перница за бебето. Родителите кои не сакаат да го добијат овој подарок, наместо тоа добиваат 140 евра во готовина.


Она што е најинтересно е тоа што ова започнало пред 75 години. Доколку живеете во Финска и забремените, општеството ќе се грижи многу добро за вас.

Животот на мајките се олеснува со повеќе поддршки и поволности. Може да одберете клиника или болница во која сакате да се породите, а пред раѓањето ќе ја добиете и бебешката кутија. Во Финска, двајцата родители добиваат платено породилно отсуство, а се нудат и други платени отсуства за родители доколку на вработените им е потребно повеќе време со новиот член на семејството.


Освен тоа, социјалната служба на родителите им плаќа дополнителен приход за детето. Родителите добиваат приходи за своите деца сè додека нивните деца не наполнат 17 години.

Дури и во образованието, системот на учење во Финска е основан на игра и имагинација. Наставниците се од доверба бидејќи во Финска детето е поважно од сè.


Училиштата не се натпреваруваат меѓусебно на никаков начин, а учениците имаат паузи од 15 минути на секои 45 часови. Оцените не се даваат до 4-то одделение во основното училиште.