УТМС добитник на златна награда за бизнис престиж и квалитет во образованието

УТМС добитник на златна награда за бизнис престиж и квалитет во образованието


 
Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје е добитник на европската златна награда за квалитет во образованието, што ја доделува Светската бизнис академија, во чии рамки функционира меѓународниот Аристотел Комитет. Свеченото доделување на наградата се случи на церемонијата на 22.03.2015 година во Истанбул Република Турција, каде, покрај добитниците на наградите, присуствуваа и значајни личности од јавниот и политичкиот живот во Европа.

Согледувајки ги визиите, стратегиските определби, како и оперативните концепциски активности, по целесообразната евалуација базирана на ревандикациите во областа на Високото образование на ниво на Европа, Светската Бизнис Асемблеа, на седницата од 10 февруари донесе одлука Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје да биде прогласен за носител на златната награда. УТМС и ректорот на универзитетот, со добивањето на ова супремациско и уникално признание, влегуваат во Златната книга на Aristotle International Committee, со што се инкорпорираат во конгромератот на најуспешните Европски (и светски) организации.



Церемонијата на доделување на наградата се одржа на 22.03.2015 година во свечената сала на хотелот „Four season“, во присуство на голем број учесници од целиот свет, претставници на естаблишментот на Република Турција, новинари и гости, висока делегација на УТМС, предводена од проф. Д-р Аце Миленковски, во придружба на деканот на факултетот за туризам, доц. Д-р Сашко Граматниковски и проректорите, проф. д-р Мијалче Георгиевски и проф. Д-р Сашо Кожухаров.