Временска прогноза: Претпладне сонце, попладне услови за врнежи од дожд

Временска прогноза: Претпладне сонце, попладне услови за врнежи од дожд



Во Македонија во деновите од викендот во претпладневните часови ќе биде претежно сончево и топло. Попладне наоблачување со услови за врнежи од дожд.. Врнежите од дожд ќе изостанат во југоисточните и источните предели. Во недела се очекува благ пад на дневните температури кои ќе се движат од 28 до 38 степени.

Стабилизирање на атмосферата и малку повисоки температури се очекуваат во понеделник и вторник, кога ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури ќе се движат од 30 до 41 степени.

Weather4all.com.mk