Докторски позиции за англиска книжевност на Универзитетот во Осло

Докторски позиции за англиска книжевност на Универзитетот во Осло


Отворени се две места за докторски дисертации во областа на англиската книжевност на Универзитетот во Осло. Проектите треба да се фокусираат на период или периоди меѓу Ренесансата и сегашноста. На дисертацијата се работи три години.

Кандидатите треба да имаат магистерска диплома од областа. Стипендиите кои се доделуваат изнесуваат 48.000-54.000 евра.

Конкурсот трае до 1 септември.

Официјален повик.