Објавен конкурсот за проектот 30/35 за академската 2015/2016 година

Објавен конкурсот за проектот 30/35 за академската 2015/2016 година

Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука денес го објавија конкурсот во рамки на проектот 30/35 за академската 2015/2016 година, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната прес конференција. Тој истакна дека преку овој проект 6 години по ред, се обезбедува поголема достапност на високообразовните установи во земјата за лицата коишто поради какви било причини во минатото не биле во можност да го надградат и формализираат високото образование, односно да се стекнат со факултетска диплома.



„Проектот 30/35 веќе 6та година по ред, на сите заинтересирани граѓани на возраст од минимум 30 години за жени, односно 35 години за мажи, со претходно завршено четиригодишно средно образование и заснован работен однос на неопределено време, или пак невработени лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување најмалку пет години, ќе им овозможи да се запишат на студиска програма во прв циклус на студии, со годишно кофинансирање на студиите од 200 евра во денарска противвредност“, рече Ристовски.

Согласно конкурсот, во академската 2015/2016 година обезбедени се вкупно 670 слободни места за лицата кои ги исполнуваат критериумите. Од нив 230 се на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 315 на Државниот универзитет во Тетово, 45 на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и 80 слободни места на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Заинтересираните кандидати, имаат можност да одберат една од 44 понудени студиски програми, кои се распределени на 16 факултети. Ристовски истакна дека конкурсот е проектиран согласно резултатите од деталната анализа на потребите на пазарот на трудот во земјата и утврдувањето на дефицитарните занимања, односно занимањата кои се актуелни и/или ќе бидат барани во иднина. Досега, можноста да го дооформат високото образование преку проектот 30/35, ја искористиле околу 1500 македонски граѓани.


КОНКУРСОТ Е ОБЈАВЕН НА ОВОЈ ЛИНК.