Брутални прашања од интервју за работа во најголемата хеџ-фонд компанија

Брутални прашања од интервју за работа во најголемата хеџ-фонд компанија

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Bridgewater Associates“ е најголемиот „хеџ-фонд“ во светот. Хеџ-фондот има цел да ви помогне да добиете поголем профит со вашите инвестиции, но со овие фондови се зголемува и ризикот.


Компанијата „Bridgewater Associates“ е позната по својата култура во која владее апсолутна искреност и транспарентност. Компанијата вработува нови лица по традиционален пат - преку интервју. На интервјуата за работа се поставуваат прашања за кои не постои точен или погрешен одговор. Впрочем, одговорите не се битни. Она што е битно е начинот на размислување кај кандидатот.

Следуваат некои од најчесто поставуваните прашања за време на интервјуата во компанијата. Подгответе се да бидете изненадени.

1. Дали постојат околности во кои би мачеле затвореник?

2. Дали би продале цигари на пушач иако знаете дека ќе умре од нив?

3. За што луѓето не може да сметаат на вас?

4. Дали светот би бил подобар кога не би постоеле граници?

5. Дали фармацевтските компании би требало да имаат право на рекламирање на своите производи на телевизија?

6. Дали убиствата мотивирани од раса би требало да бидат казнети поостро од останатите?

7. Кој е вашиот најголем недостаток?

8. Дали малите деца треба да се занимаваат со спорт редовно?

9. Дали би дозволиле напад со автоматско летало, иако би знаеле дека во нападот би загинале многу цивили?

10. Зошто не би требало да ве примиме во компанијата?