Како да направите уред за снимање на времето од сателитите?

Како да направите уред за снимање на времето од сателитите?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Мет Греј е човекот кој стои зад каналот на „Јутјуб“ наречен „Технички потешкотии“. Тој открил дека луѓето може да добиваат слики од времето директно од сателитите кои поминуваат над нив користејќи само еден мал уред кој не чини многу за да се направи. Со други зборови, секој може да направи рисивер за сателитски слики.


Како да го изградите уредот?

Потребно е:

УСБ-предавател „Nooelec R820T“;
Радио апликација „CubicSDR“;
Екстензија „Soundflower“;
WXtoIMG“, што автоматски ја снима положбата на сателитите над вас и ги процесира сликите направени од него;
2-метарска жица со мала антена.

Што понатаму?

Излезете надвор, а потоа отворете ги екстензиите и апликациите и подесете ги фреквенциите на сателитите. Подесете го „WXtoIMG“ да снима. Гледајте во „CubicSDR“ сè додека податоците не се појават и линиите наместете ги во центарот.

Доколку сигналот бил добар податоците ќе бидат процесирани.

Целосните детални инструкции за користење на уредот најдете ги ОВДЕ.