Какво време не` очекува до крајот на неделата?

Какво време не` очекува до крајот на неделата?



Во Македонија во вторник ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат д 13 до 22 степени, а пак максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно до 39 степени. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје во вторник ќе биде сончево и имногу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индекс 9.

Во среда во Македонија сончево и многу топло. Максималните температури ќе се движат од 32 до 42 степени.

Во четврток денот ќе го започнеме со сончево време. Во попладневните часови постојат услови за зголемување на облачноста која што во вечерните часови и во текот на ноќта четврток кон петок може да се создадат услови за локални врнежи од дожд. Максималните температури ќе достигнат до 33 односно до 43 степени.

Во петок претежно сончево со локална облачност и повисоки утрински температури кои ќе се движат од 18 до 27 степени, но дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 29 односно до 39 степени.

Во сабота сончево и многу топло и температури до 30 односно до 40 степени.

Weather4all.com.mk