Мексико обои цел град за да го намали насилството

Мексико обои цел град за да го намали насилството

Подготвил: Драгана Петрушевска


Владата на Мексико побара од младинска организација позната по користење графити како начин на изразување да обои цел град, Палмитас.

Групата обоила 209 куќи во еден мурал. Според локалните жители, ефектот бил екстремно позитивен. 452 семејства, односно 1.808 луѓе биле позитивно изненадени од иницијативата. Претходно, градот бил познат по насилството меѓу младите луѓе.