Оглас за вработување во EURO TOOLS

Оглас за вработување во EURO TOOLS

ЕURO TOOLS – СКОПЈЕ, Компанија со основна дејност продажба и дистрибуција на материјали, алати и опрема за заштита при работа, има потреба да вработи:

ПРОДАВАЧ
(за во продавница во Скопје)

Потребни квалификации:
•    Завршено средно образование
•    Претходно работно искуство во продавница за алати и опрема ќе се смета како предност
•    Основно познавање на работа со компјутер
•    Постојано место на живеење во и околу Скопје

Очекувани вештини и способности:
•    Одлични комуникациски вештини
•    Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
•    Вредна и одговорна личност
•    Ведрост и љубезност, со позитивен став
•    Способност за индивидуална и тимска работа
•    Способност за работа во смени
    
Доколку сте комуникативни, ориентирани кон остварување на резултати и сакате да работите со купувачи, Ве молиме пријавите со Ваша биографија (CV) да ги испратите на следната e-mail адреса: eurotoolsmk@gmail.com со назнака на апликацијата за „Продавач во Скопје”.