Оглас за вработување во КАМ маркет

Оглас за вработување во КАМ маркет

КАМ маркет –единствениот хард дисконт во Македонија,распишува оглас за вработување на


РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР за регионот на Валандово,Гевгелија,Неготино и Струмица


РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР за регионот на Штип,Кочани,Радовиш

Основна ЦЕЛ:
- да обезбеди непречен тек на продажниот процес,остварување на плановите на фирмата во неговиот регион и да обезбеди примена на правилата и упатствата на раководството во маркетите.


Главни задачи и одговорности:
-Да го контролира,организира и едуцира персоналот во неговите маркети,
-информира за проблемите на маркетите и ги остранува согласно со овластувањата.
-изготвува детален извештај за секоја неделна посета на маркет.
-ги менаџира процесите на проток и продажба на стока во маркетите.
-предлага мерки за решавање на проблеми,унапредување на работењето и успешноста.


Кандидатите треба да ги поседуваат следниве квалификации:

-ВСС пожелно економски факултет
-работно искуство во трговија.(пожелно во областа на продажба,производство,маркетинг).
-возачка дозвола Б-категорија
-да се на возраст од 25-35 години
- Одлично познавање на МS-Office
- мотивирани,издржливи,динамични,ориентирани кон успех и со високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност.
-способност за решавање на проблеми и одлични комуникациски способности за ефикасна интеракција со персоналот.

После успешната повеќемесечна обука низ работа во маркетите,Вие ќе бидете наш раководител на лице место во регионот.
Ве очекува натпросечна заработка.На располагање Ви стои службено возило.Работното време се одвива во смени.
Градете ја Вашата кариера со најуспешните – КАМ МАРКЕТ !

Пријавување на      vrabotuvanje@kam.com.mk