Студентите во САД се модерните робови

Студентите во САД се модерните робови

Подготвил: Драгана Петрушевска

Собирот од Бруто-домашните производи на Австралија, Нов Зеланд и Ирска е помал од износот кој го должат студентите во САД. Студентските кредити се најголемиот нехипотекарски долг во земјата. Секој студент просечно е должен повеќе од 35.000 долари.


Според податоците од „Економист“ од изминатата година, долгот на студентите го надминал износот од 1,2 милијарди долари. Повеќе од 40 милиони студенти се должници, а 7 милиони поранешни студенти банкротирале.

Просечниот долг изнесува 35.000 долари, што претставува зголемување за дури 2.000 долари од минатата година. Универзитетите ги зголемиле школарините за 27% од 2007 до 2012 година додека истовремено Владата на САД ја намалила помошта за студентите.

Во продолжение се наоѓа документарен филм за измамите на универзитетите.