Германците отсега може да користат лажни имиња на

Германците отсега може да користат лажни имиња на "Facebook"

Подготвил: Драгана Петрушевска


Доколку сакате да користите псевдоним на „Фејсбук“, Германија е вистинската земја за вас. Агенцијата за заштита на податоци од Хамбург, која е одговорна за фунцкионирањето на социјалната мрежа во Германија, изјави дека компанијата не смее да ги принудува Германците да ги користат своите вистински имиња. Освен тоа, „Фејсбук“ отсега има забрана од барање лични карти од страна на германските државјани.

Оваа новост доаѓа по случај во кој „Фејсбук“ го блокирал профилот на една жена од Германија откако таа искористила лажно име. По блокирањето, компанијата го променила нејзиното име и барала копија од нејзината лична карта за повторно користење на профилот.

Агенцијата за заштита на податоци во Хамбург изјавува дека жената не сакала да го користи вистинското име за да не ѝ пречат на професионално ниво.