Горештините продолжуваат... Прогноза за времето во наредните денови

Горештините продолжуваат... Прогноза за времето во наредните денови



Во Македонија во среда тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Па според метеоалармот на УХМР, Македонија ќе биде во жолта предупредувачка фаза. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 15 до 24 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 31 односно до 42 степени. УВ индексот ќе има висока вредност 10.

Во Скопје во среда тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 21 степени, а максималната дневна ќе достигне до 39 степени. УВ индекс 10.

Во четврток претежно сончево со локална облачност и многу топло. Во текот на ноќта четврток кон петок постојат услови за локални врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 31 до 42 степени.

Во петок во раните утрински часови услови за врнежи од дожд ќе има во североисточните, источните, југоисточните и јужните предели. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Дневните температури ќе опаднат и ќе се движат во интервал од 27 до 38 степени.

Во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне услови за слаби врнежи од дожд ќе има во северозападните и југоисточните предели.

Во недела претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста. Дневните температури ќе достигнат до 30 односно до 40 степени.

Weather4all.com.mk