Искористете ја можноста да му поставите прашање на Стивен Хокинг

Искористете ја можноста да му поставите прашање на Стивен Хокинг

Подготвил: Драгана Петрушевска

Стивен Хокинг е еден од најголемите живи генијалци. Многумина би сакале да поразговараат со него или барем да добијат шанса да му постават едно прашање. Сега тоа е возможно.


Славниот физичар учествува во рубриката АМА („Ask me anything“ - „Прашај ме било што“) на „Редит“, во која корисниците на социјалната мрежа поставуваат прашања за личноста. Досега во оваа рубрика учествувале многу познати личности, меѓу кои Бил Гејтс и Мадона.

Рубриката функционира во реално време, односно корисниците поставуваат прашања и личноста истовремено ги одговара. Но, поради здравствената состојба на Хокинг, овојпат ова ќе биде организиранопоинаку.

Корисниците ќе поставуваат прашања во тек на една недела, а Хокинг ќе ги одговара во текот на следните недели.

Прашањата може да ги поставувате уште денес, а тоа може да го стори секој најдоцна до 4 август.