Како изгледа експлозија на метеор на небото?

Како изгледа експлозија на метеор на небото?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Марк Донаху од „Перма Грин филмс“ бил во Санта Круз, Калифорнија изминатата недела, правејќи тајмлепс-видео од прекрасното ноќно небо. Погледот бил доволно импресивен, но тогаш се случило нешто неочекувано и прилично неверојатно.

Одеднаш се забележала експлозија која ја осветлила површината. Оваа светлина доаѓала од метеор кој експлодирал во земјината атмосфера. Сето тоа било забележано во видеото.