Традиционален танц во чест на починатиот професор

Традиционален танц во чест на починатиот професор

Подготвил: Драгана Петрушевска

На „Редит“ беше објавено видео во кое цело училиште изведува традиционален танц во чест на нивен поранешен професор кој починал во сон. Емотивната изведба била организирана од страна на сегашните и поранешни ученици во средното училиште „Palmerston north boys“ во Нов Зеланд.

Досон Таматеа предавал во училиштето 25 години, а неочекувано починал во сон во неделата. Видеото, откако беше објавено на „Редит“ имаше 2 милиони прегледи.

Танцот кој го изведуваат средношколците е хака, традиционален танц кој е показател на гордоста, силата и обединетоста на племето Маори.