Оглас за вработување во Центар за управување со кризи

Оглас за вработување во Центар за управување со кризи

ЈАВЕН ОГЛАС за именување директор на Центар за управување со кризи

Врз основа на член 26 од Законот за управување со кризи („Службен весник на Република Македонија" бр. 29/2005, 36/2011, 41/2014 и 104/2015) Владата на Република Македонија објавува 

1) Согласно Законот за управување со кризи, кандидатите за директор на Центарот за управување со кризи треба да ги исполнуваат следните услови:

-да е државјанин на Република Македонија;
-со правосилна судска пресуда не му е изречена казна прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
-да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование;
-има најмалку пет години работно искуство;
-поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
ТОЕФЕЛ ИБТ- најмалку 74 бода,
ИЕЛТС (IELTS)- најмалку 6 бода,
ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal)
- најмалку Б2 (В2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First)
- положен, БУЛАТС (BULATS)- најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS)
- најмалку ниво Б2 (В2) и- поседува потврда за положен психолошки тест и тест за интегритет.

Напомена: условот од точка 1 алинеја 5 кој се однесува на познавање на странски јазик ќе започне да се применува по две години од денот на влегување во сила на Законот за изменување на Законот за управување со кризи („Службен весник на Република Македонија" бр. 41/2014), односно од 7. 3. 2016 година.

2)Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- кратка биографија;- уверение за државјанство;-доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна лрекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;-
диллома за завршено високо образование најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;- доказ дека има минумум пет години работно искуство; и- доказ за положен психолошки тест и тест за интегритет.

3) Документите од точка 2 треба да бидат поднесени во оригинал или колија заверена кај нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Македонија бул. „Илинден" бр. 2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Центарот за управување со кризи"

4)Коефициент за плата: 3, 3 согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на СРМ" бр. 36/90 и „Службен весник на Република Македонија" бр. 38/91, 23/97, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/2010, 97/2010, 162/2010, 11/2012, 145/2012, 170/2013 и 139/2014)

5) Јавниот оглас ќе трае 8 (осум) дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.

 

6) Директорот на Центарот за управување со кризи го именува и разрешува Владата на Република Македонија, со мандат од че 7) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.