Оглас за вработување во Џонсон Мети

Оглас за вработување во Џонсон Мети

ОПЕРАТОРИ ВО МАГАЦИН
( WAREHOUSE OPERATORS)
 
Реф.број 2015056

Џонсон Мети има потреба од Оператори во магацин  (Warehouse Operators) кои ќе му се придружат на нашиот тим во одделот за Логистика, во фабриката за автокатализатори во Скопје.  

Со докажано искуство во тимско работење во рамки на производствена средина, кандидатите ќе придонесуваат во работата на мал, но ангажиран тим во динамична производствена средина со:

    Навремена и сигурна дистрибуција на роба за внатрешни и надворешни клиенти;
    Одржување на залихите во магацинот
    Детално чување на податоци и организирање на залиха на материјали по логичен распоред
    Постојана грижа дека материјалите се во можност да одговорат на барањата на производствениот процес
    И други работни задачи согласно описот на работното место


Кандидатите е пожелно да поседуваат:

    Минимум Средно образование
    Валидна лиценца за возење на палетар и моторно возило
    Работно искуство на позиција која вклучува магацинско работење, идеално во автомобилска или друга производствена средина, вклучително утовар и истовар на роба
    Искуство во користење на компјутеризиран инвентарен контролен систем
    Способност и искуство за работење во куси временски рокови
    Свесност за правилата и регулативите за здравје и безбедност при работа
    Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office (Word, Excel).


Позицијата подразбира работа во смени и за време на викенди

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com

Ве молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година

Краен рок за прием на апликациите е: 07/08/2015

Johnson Matthey Emission Control Technologies е светскилидер во производство и развој на технологии на Автокатализатори, кој работи според ISO/TS.16949 и ISO14001 стандардите за квалитет во автомобилската индустрија, поврзани со најдобрата практика за животната средина.

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

ТЕХНИЧАР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
(Facility technician)

Реф. бр. 2015057

Џонсон Мети има потреба од кандидат за позицијата Техничар за техничка поддршка (Facility Technician) да се придружи на нашиот тимво Одделот за техничка поддршка, во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Кандидaтот кој ќе биде избран за позицијата, ќе помине низа соодветни обуки и ќе му биде пружена поддршка од тимот како безбедно и навремено да ги извршува работните задачи.

Техничарот ќе биде одговорен за одржување и сервисирање на деловните простории во фабриката, вклучувајќи инсталација, реновирање, репарација на канцеларискиот мебел и други предмети, уредување и отстранување на отпадот, испраќање и подигнување на пошта,грижа за возниот парк, справување и расчистување на снег во зимскиот период  итн. Ќе има активно учество во поставување на знаци за известување, обележување на местата каде што се работи и работа со подизведувачи за безбедно и целосно спроведување на обврските.

Техничарот во своето работење задолжително ќе ги следи и ќе се придржува кон процедурите и правилата  за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа и ќе земе активно учество во подобрување на истите

За својата работа ќе одговара на Координаторот за техничка поддршка.

Кандидатот е потребно да поседува2-3 години работно искуство во производствена средина, техничка поддршка и  да поседува способност за организација и координација на луѓе и возачка дозвола Б категорија.

Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија и писмо за мотивација на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com

Ве молиме вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година.  

Краен рок за доставување:  09/08/2015