Создаден најсилниот ласер во историјата

Создаден најсилниот ласер во историјата

Подготвил: Драгана Петрушевска


Јапонските истражувачи на Универзитетот во Осака во четвртокот го пуштиле најсилниот ласер во историјата. Силината на ласерот е 2 петавати (2 трилиони вати), а светлината траела само една пикосекунда, пишува „Бизнис инсајдер“.

Силата е мерка од енергијата и времето, поради што ласерскиот зрак траел кратко. Но, тој, како и другите ласери, троши многу малку енергија. За пуштање на зракот биле потрошени најмногу 500 џули. Со други зборови, оваа енергија би ја потрошил човекот за две минути играње фудбал.

Инаку, досега најсилниот ласер со сила од 50 киловати во 2013 срушил беспилотно летало на оддалеченост од 2 километри.