Студентски престој како странец во Северна Кореја

Студентски престој како странец во Северна Кореја

Подготвил: Драгана Петрушевска

Алесандро Форд направил пауза од студирањето на една година, но неговата пауза е малку поинаква. Неговите движења се следени и неговиот единствен контакт со надворешниот свет е 10-минутен телефонски разговор со мајка си секоја недела. 18-годишникот бил првиот студент од западна земја кој бил примен на универзитетот „Ким Ил-сунг“ во Пјонгјанг. Студиите му биле за учење корејски јазик.


На универзитетот има странски студенти од земји како Кина и Русија. Таткото на Аласандро бил поранешен член на Европскиот парламент, кој патувал на повеќе дипломатски патувања во Северна Кореја. Алесандро го раскажува своето искуство за „Гардијан“.

Според него, може да се најдат сличности во животот во Северна Кореја и на западот во корејците со кои имал предавања. Дел од неговите колеги се деца на политичари и биле надвор од Северна Кореја. Форд платил 3.000 фунти, односно 265.000 денари за четири месеци образование, заедно со храна и сместување.


Тука завршуваат сличностите. Алесандро вели дека кампусот на универзитетот бил „спартански“ со старомодни тоалети, без туш-кабини. Сите студенти се капат заедно. Студентските домови биле удобни и чисти, но едноставни, а зиме немало топла вода неколку недели.

Студентите од Северна Кореја се разликувале и во тоа што размислувале за сексот како дел од бракот и никој не се бакнувал на јавно место.

Алесандро постојано е набљудуван. Сепак, тој ја препорачува земјата за секого. Алесандро од септември ќе студира во Бристол.