Универзален пристап за интеренет со балоните на

Универзален пристап за интеренет со балоните на "Google"

Подготвил: Драгана Петрушевска


Островската нација Шри Ланка штотуку потпиша договор со кој ќе стане првата држава на Земјата која ќе има национален безжичен интернет, а тоа ќе биде овозможено со балони. 13 балони ќе лебдат над Индискиот океан во стратосферата и ќе обезбедуваат интернет за еден милион луѓе во Шри Ланка.

Сето ова е овозможено со проектот „Loon“ на „Google“, со кој компанијата се труди да обезбеди интернет пристап до руралните или изолирани места низ светот. Балоните кои ќе бидат искористени пренесуваат 3Г-интернет, како оној кој го користат модерните смартфони.

Проектот беше првпат тестиран во Нов Зеланд во 2013 година.

Балоните ќе започнат да работат во текот на следните месеци.