Повик за учесници на конференција "EURAXESS Voice of the Researchers"
„EURAXESS Voice of the Researchers“ е конференција која се одржува по втор пат, а целта на настанот е да им понуди можност на европските истражувачи за разговор за своите гледишта заедно со колегите.
На конференцијата ќе присуствуваат истражувачи, инвеститори и правници, а ќе бидат покриени теми како европски истражувачки кариери и начини за обезбедување вештини за истражувачите на компетитивниот пазар. Организаторите ќе ги покријат трошоците за сместување и патување за одбраните кандидати. Конференцијата се одржува на 26 и 27 ноември во Белгија.
Пријавувањето трае до 1 октомври.
Официјален повик.