Како се преживува без автомобил цел месец?

Како се преживува без автомобил цел месец?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Во август 2013 година, една населба во Јужна Кореја ги забрани автомобилите на цел месец. Хаотичните улици станале полни со пешаци, велосипедисти и деца кои играат. Рестораните го искористиле просторот за дополнителни столици, а локалните жители ги користиле улиците за организација на изведби или играње натпревари.


Хаенгунг-донг, населба во Сувон (1,2 милиони жители) дозволило поминување на автомобили на одредено време за носење нарачки и слично, но сообраќајот бил целосно забранет во период од еден месец. Се работи за меѓународен фестивал „Eco Mobility“, кој се одржува во градови низ светот.

Овој октомври, фестивалот стигнува во Јоханезбург, чија населба ќе забрани автомобили цел месец. Јоханезбург ќе биде вториот град кој го организира фестивалот, по Сувон.


Откако започнал фестивалот во Јужна Кореја, градот започнал со користење на автобуси кои ги носеле жителите до работ на населбата, а луѓето со медицински потреби имале 24-часовна помош. Населбата добила нови паркинзи за велосипеди, но им биле доделени и 400 велосипеди и скутери на жителите.


Забраната имала лоши страни. Рестораните чекале подолго време за нарачки, а на жителите им било потребно повеќе време за патување во градот. Но, имало и неочекувани добри страни. Возрасните изјавиле дека била зголемена социјализацијата со соседите и поминувале повеќе време надвор од домовите, а децата имале повеќе простор за слободна игра.

Баровите забележале повеќе посетители. Жителите организирале претстави на улиците, а соседите одржувале спортски натпревари ноќе. Сепак, се може да се живее и без автомобил.