Одличен рецепт за зајакнување на меморијата пред испитот

Одличен рецепт за зајакнување на меморијата пред испитот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Новото истражување наведува дека учењето за испит вечерта пред да си легнете може да биде добра тактика за сите студенти.

 

учење


Но, спиењето после учењето ги зголемува шансите два пати повеќе за да се присетите на претходно заборавените информации, наведуваат научниците, а се верува дека сонот му е од голема корист на нашите сеќавања и ја изострува нашата моќ на сеќавање.

Од испитаниците кои учествувале во истражувањето, се барало да се потсетат на измислени зборови пред да си легнат или после 12 часа кои ги поминале будни. Личностите кои се присетиле на зборовите пред спиење постигнале подобри резултати од оние кои биле будни 12 часа.

„Спиењето ги дуплира шансите да се потсетиме на материјалот кој претходно сме започнале да го учиме. Спиењето ги прави нашите сеќавања подостапни што покажува дека потсетувањето се подобрува во текот на спиењето“, смета Д-р Николас Думеј од Универзитетот во Егзетер.

Думеј верува дека до подобрување на сеќавањето доаѓа поради хипокампусот, делот од мозокот кој игра главна улога кога станува збор за потсетувањето. Во текот на сонот, претхоно стекнатите сеќавања повторно се рекреираат во делот на мозокот кој е задолжен за нивното помнење.