Колку луѓе ќе живеат во Македонија во 2100-та година?

Колку луѓе ќе живеат во Македонија во 2100-та година?

Обединетите нации го издадоа годишниот извештај за "World Population Prospects", извештајот содржи и предвидувања за популацијата во земјите ширум светот до крајот на 21 век.

Според проценките на ОН, во Македонија во 2015-та живеат 2.078.000 жители. Демографскиот пад што Македонија ја очекува, според овој извештај, значително ќе се почувствува за 28 години кога популацијата на жители во Македонија би паднала под 2 милиони. Според извештајот, во 2043 година бројот на жители во Македонија би бил околу 1.998.000 жители (линк)

До крајот на векот, според проценките на ОН, во Македонија би живееле 1.5 милиони жители. Целиот извештај можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК