Оглас за вработување во Мермерен комбинат АД

Оглас за вработување во Мермерен комбинат АД

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД- светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситногрануларен доломитски мермер "BIANCO SIVEC" кој се вади од рудниците лоцирани во близината на Прилеп, добитник на Националната награда за добра пракса за безбедност и здравје при работа за 2013 година, објавува оглас за работно место: 

Асистент за техничка поддршка во рудник


ПРОФИЛ HA УСПЕШЕН КАНДИДАТ:
ССС / КВ- средна струнна спрема Со / Без работно искуство

ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА
Работи во процесот на експлоатација на мермерна минерална маса (по потреба на: дијамантска жичана пила- рез, дијамантска жичана пила- блок, машина перфора, машина Фантини, дупчачки машини, машини за сечење на суров производ, хидраулична машина Багер, утоварна машина, возило Дампер, дробилична постројка, кран и сл.
Добиените работни задачи ги извршува самостојно. Ги извршува работните задачи во рудник Сивец по налог на претпоставениот. Должен е да ги спроведува сите работни налози точно и правилно согласно дадената процедура за работа и стручна оспособеност. Се придржува кон месечниот распоред направен од претпоставените и кон работното време. Се грижи за исправноста на машините, производната опрема, алатот и средствата за работа со кои ги извршува поставените задачи. Врши останати технички и административни работи по налог на претпоставениот.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
Комуникативна и стабилна личност со изразени интерперсонални вештини, Тимски ориентирана личност, Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите, Способност за запазување на рокови и остварување на резултати, Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост. Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа. Извршителот ќе работи во две смени со работно време за прва смена од 06:00 часот до 14:00 часот и втора смена од 14:00 часот до 22:00 часот. Компанијата обезбедува основна месечна нето плата во износ од 12. 220, 00 денари со можност за остварување на дополнителен варијабилен дел на плата во максимален нето износ од 3. 447, 00 денари.

Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати. Пакетот за наградување е конкурентен! Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија и мотивациско писмо на англиски јазик на емаил адреса vrabotuvanje@mermeren.com најдоцна до 10 Август 2015 година со назнака "апликација за работно место Асистент за техничка поддршка во рудник"

Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост. Единствено кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Мермерен Комбинат АД Прилел Крушевски пат бб, 7500 Прилеп Лице за контакт: Марта Дамевска Пуличоска Контакт телефон: +389 48 418 940- локал: 113