Училишта од песок и земја за децата-имигранти

Училишта од песок и земја за децата-имигранти

Подготвил: Драгана Петрушевска

Се проценува дека има приближно 2 милиони сириски деца кои се имигранти некаде во светот, а повеќе од еден милион не одат на училиште. Активистите како Малала Јусафсаи прават сè што можат за да изградат доволно училиште во регионот, но што надвор од границите?


Група архитекти неодамна решиле да помогнат во врска случајот на тој начин што ќе дизајнираат издржливи згради за училишта направени од локални материјали, како почва и песок и ќе ги однесат во камповите во регионите како Јордан, каде потребата е најголема.

Градбите може да се користат и за други цели, како болници, но организацијата „Pilosio“ и архитектите одлучиле дека ќе експериментираат со изградба на две училишта, кои ќе бидат поставени во Јордан. На проектот ќе работат локалните имигранти.

Проектот можеби не е трајно решение за проблемот, но секако е брилијантна краткотрајна адаптација.