"Златна" средина за подобар успех после дипломирањето

Подготвил: Тамара Гроздановски

pricini

 

Во доцните 1800-ти, училиштата биле дизајнирани и наметени да ги учат студентите на послушност. За време на подемот на индустриската ера, на големите корпорации им биле потребни работници за нивните фабрики. Една од целите на академскиот систем била да се создадат послушни работници кои никогаш не прашуваат прашања. Во тоа време, веќе имало голем број на научници.


На тој начин се создал стандардизираниот тест. Академскиот систем станал фабрика за стандардизирање на сите студенти за да се осигураат дека тие се вклопуваат во саканиот „калап“. Доколку студентот не го положел тестот, тој се враќал една година назад за да се обиде повторно.

И покрај фактот што нашиот свет доживеа драматична промена уште од крајот на 1800-те, училишниот систем во повеќето земји низ светот е структуриран на ист начин. И покрај фактот што многу од нас можат да побараат на интернет, постојат многу наставници кои ја предаваат истата лекција во било која земја.

Интернетот го промени светот. Ако сакате да научите нешто, нема потреба да отворите енциклопедија. Едноставно одете на Wikipedia или Youtube, или милион други онлајн места. Постојат илјадници програми кои можат да ги научат луѓето како да научат работи ефективно во оптимална брзина.

Светот се движи кон економија управувана од претприемништво и иновации. Се предвидува дека до 2020 година, повеќе од милијарда луѓе ќе работат од нивните домови. Во иднината на работата, помалку луѓе ќе работат за една компанија како генералисти и ќе работат за повеќе компании како специјалисти.

На светот повеќе не му се потребни послушни и согласни работници во фабрика. На светот му се потребни уметници, креатици, хакери и иноватори. Доста е со живеењето на нашиот живот во училиштата и канцелариската работа. Смачено ни е од тоа. Најдобриот дел? И економијата го сака истото како и вие.

Со ова кажано во позадина, можеме да откриеме зошто осумкашите, односно студентите со послаба оценка се подобри од нивните колеги кои добиваат 10-ки и 9-ки.

1. Се сомневаат во валидноста на акдемскиот систем

Студентите кои имаат послаби оценки не се продаваат на академскиот систем. Тие не се продаваат на фабричкиот пристап. Тие гледаат што добро доаѓа од него, меѓутоа не му служат на системот бидејќи ги знаат неговите недостатоци.

Освен тоа, тие знаат дека учењето има многу методи и различни начини отколку што претставува системот, и дека учењето може да се случи надвор од системот. Со тоа, универзитетот и факултетот се еден вид на пристап кон учењето за овие студенти.

Овие студенти не се плашат да го предизвикаат статус кво. Дури и ако е непријатно да се истакнат, сепак е помалку непријатно отколку одење во погрешна насока.

2. Не се покорни следбеници

Овие студенти размислуваат и го користат паметот. Тие не зборуваат меѓу редови без прво да се запрашаат зошто тие редови постојат. Наместо некој да им каже како да го живеат нивниот живот, овие студенти откриваат сопствени агенди.

3. Не се обидуваат да ги задоволат и импресионираат нивните претпоставени


Овие студенти не трошат огромни количини на енергија обидувајќи се да ги импресионираат нивните претпоставени. Тие ги почитуваат и ги сакаат своите наставници, но не им се поклонуваат и не го исполнуваат секое нивно барање. Тие не ги гледаат нивните наставници како чувари на нивниот успех. Тие не зависат од референци и резимеа - сфаќаат дека во денешниот свет, нивната работа зборува самата за себе.

4. Имаат поголеми нешта за кои се грижат

Иронично, ако сте опседнати со вашите оценки, не размислувате доволно за вашата иднина. Студентите кои добиваат пониски оценки се постратешки насочени за тоа како го поминуваат времето. Додека нивните колеги вложуваат енергија на произволен индикатор, овие студенти ги исполнуваат нивните соништа. Тие не чекаат да завршат со факултетот за да го започнат тоа.

5. Имаат сопствена дефиниција за успех


Учениците со 9-ки и 10-ки бараат сигурност во форма на добри оценки. Но, осумкашите знаат дека таа сигурност може да се почувствува само интерно. Тие знаат кои се. Нитуеден надворешен стандард на успех не може да се спореди со нивната сопствена самосвест и прифаќање. Тие се дефиниран успех за себе. Тие не се грижат за што се натпреваруваат масите - имаат испланирано сопствен пат.

6. Знаат како да ги искористат способностите на другите луѓе


Студентите со 9-ки и 10-ки се обидуваат да направат се` сами, додека осумкашите градат армија од талентирани луѓе околу нив кои компензираат за нивната слабост. Како Хенри Форд, тие не се плашат да признаат дека не знаат се`. Во една прилика, кога Форд бил малтретиран затоа што не е интелигентен, Форд рекол:

„Дозволете ми да ве потсетам дека имам низа на електрични копчиња на мојата маса; со притискање на десното копче, можам да ги повикам моите помошници кои можат да одговорат на било кое прашање кое сакам да го прашам во врска со бизнисот во кој јас сум најпосветен. Сега, ве молам бидете љубезни и кажете ми, зошто да го трупам мојот ум со знаење, за да можам да ги одговорам сите прашања, кога имам луѓе околу мене, што можат да ми го дадат било кое знаење кое ми е потребно?“

7.  Претпочитаат самостојно учење


Овие студенти обожаваат да учат. Тие повеќе сакаат да ја диктираат насоката на нивното сопствено учење - не сакаат друг да им кажува како да размислуваат. Тие сакаат да истражуваат и да откријат самите, да го учат она кое природно ги привлекува. Не се обидуваат да ги форсираат нештата, туку се обидуваат да се потпрат на сопствената страст.

8. Не се перфекционисти

Направеното е подобро од совршено. Овие студенти го сфаќаат ова и живеат со ова правило. Тие се фокусираат на резултатите и се фокусираат да го направат нештото. Тие знаат дека перфекционизмот води кон одложување. Тие сакаат да ги научат нештата преку нивните грешки, и преку она што им го кажува пазарот.

Затоа многу успешни претприемачи не биле најдобри на училиште. Тие разбираат дека неуспехот е прекрасен наставник, иако многу од нив биле избркани од училиште поради неуспех.

9. Не трошат непромислено енергија

Целта на овие студенти е да научат. Било што надвор од тоа е непотребен трошок. Енергијата која се троши за од 9-ка да се добие 10-ка за нив е често залудно потрошена енергија. Тие не вложуваат повеќе енергија во работите кои не им се потребни. Тие се ефикасни, ефективни и фокусирани.

10. Тие се сонувачи

Додека студентите со 9-ки и 10-ки слушаат внимателно за да разберат што ќе има на тест, осумкашите гледаат низ прозорецот во облаците и прекрасните пејзажи. Тие веќе знаат што се кажало за време на предавањето. Како резултат на тоа, тие го ослободуваат умот неколку часа за да сонуваат за подобар свет. Размислуваат за големи работи кои ќе ги направат во животот. Во нивните умови, тие работат на важни проблеми.