Балкански финалисти на глобален научен натпревар на

Балкански финалисти на глобален научен натпревар на "Google"

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Google“ ги објави имињата на финалистите на натпреварот „Science fair 2015“, на кој учествуваат млади генијалци од целиот свет. Целта на натпреварот е наоѓање млади умови кои сакаат да го сменат светот на подобро. Натпреварот е финансиски поддржан од „LEGO education“, „National geographic“, „Scientific American“ и „Virgin Galactic“.


Од пријавени илјадници, беа одбрани 20 кои ќе учествуваат на големото финале. Меѓу нив има две балкански претставници, и тоа од Босна и Херцеговина. Се работи за 18-годишната Анела Арифи и 17-годишната Илда Исмаили. Освен нив, меѓу финалистите има генијалци од САД, Канада, Сингапур, Тајван, Франција, Индија, Литванија и Русија.

Анела и Илда се занимаваат со решение на проблемот со производство на биодизел. На овој проект работат две години.

- Нашиот проект е базиран на систем од два реактори за производство на материјал од хидроген и биодизел од пилешки крилја. Кога беше тестиран, карбонизираните крилја покажале добри карактеристики за чување на хидрогенот и биодизелот имаше добар квалитет. Доколку би се користел методот би имале почиста околина, поквалитетно гориво и поздрава иднина. - изјавија двете Босанки.

Сите финалисти ќе ги претстават своите проекти на кампусот на „Google“ во САД пред научници на 21 септември. Победникот ќе добие стипендија од 50.000 долари.