Освојте патување во Швајцарија! CERN ве повикува да ги откриете тајните на вселената

Освојте патување во Швајцарија! CERN ве повикува да ги откриете тајните на вселената

Подготвил: Тамара Гроздановски

Меѓународниот институт CERN го започна проектот наречен „Secrets of the Universe“ со кој сака на јавноста да и ги приближи своите спознанија и развој на науката, која е само една риба во големото откритие за „бесконечното пространство“ кое не` опкружува.

 

церн


Преку нивниот натпревар сите заинтересирани ќе имаат можност за себе и за свој пријател да освојат пат во Швајцарија во посета на еден од најголемите истражувачки центри во историјата на светот.

Околу 10.000 физичари од 100 земји во CERN веќе со децении се обидуваат да одговорат на прашањето кое на нашата цивилизација и` се наметнува со векови.

Научниците од целиот свет имаат за цел да одговорат на темелни прашања во врска со настанувањето на вселената. Преку разни експерименти досега успешно се дефинирани бројни нови сознанија и се создадени уреди кои октриваат работи за кои до неодамна можевме да гледаме само на филм и да читаме само во книгите.

Преку проектот „Secrets of the Universe“ ќе се обединат физичари и визуелни уметници и заедно ќе се обидат на пошироката јавност да им ги претстават најновите откритија за тајните на вселената или резултатите од експериментите, како што е потрагата по Хигсовиот бозон. Во тоа ќе им помогне и 3D технологијата од кината, низ кои ќе настојуваат на особено ефективен начин да ги прикажат новите сознанија за темната материја и останати чуда.

Додека се развива соработката меѓу уметниците и научниците, која неодамна се чинеше невозможна, сите заинтересирани ќе имаат можност да патуваат во Швајцарија и да го посетат CERN, инситутот кој во 1954 година бил основан од европскиот совет за нуклеарни истражувања.

Доколку сте заинтересирани за тоа во која насока се развива науката, доколку нашата цивилизација е близу до откривањето на тоа како се создала вселената и како изгледа научниот центар, пријавете се на натпреварот и освоите незаборавно патување за себе и за пријател.