Временска прогноза: Какво време не` очекува во наредните денови?

Временска прогноза: Какво време не` очекува во наредните денови?



Во Македонија во сабота не очекува посвежо утро со пониски утрински температури кои ќе се движат од 12 до 22 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни слаб североисточен и источен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. Ув индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 7

Во недела во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Утринските температури малку пониски и ќе се движат од 11 до 21 степен, а максималните ќе достигнат до 25 односно до 36 степени. Во понеделник и вторник во поголем дел од Македонија претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови во западните и југозападните предели услови за врнежи од дожд и грмотевици. Утринските температури од 10 до 20 степени, а максималните до 26 односно до 37 степени.

Во среда претежно сончево и топло. Попладне во крајните северозападни, југозападни и југоисточни предели услови за врнежи од дожд. Максималните температури до 26 односно до 37 степени.

Weather4all.com.mk