Ставот на студентите низ светот во врска со високото образование

Ставот на студентите низ светот во врска со високото образование

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лауреат меѓународни универзитети во соработка со Zogby Analytics направи анкета на студентите во врска со нивните ставови за сегашноста и иднината на високото образование.

 

studenti


Во анкетата учествувале повеќе од 27.000 студенти од 22 земји - најголемата студентска анкета од ваков вид. Овој инфографик ги покажува резултатите од нивното истражување во врска со нивните ставови за сегашноста и иднината на високото образование.

Скоро 80% од анкетираните студенти се одлучуваат за високо образование за да ги подобрат нивните можности за вработување. Исто така, тие веруваат дека важноста на образованието лежи во негувањето на правилниот став.

79% од студентите веруваат дека успешното образование „поттикнува став за лично и професионално растење“.

96% од студентите веруваат дека е важно нивното училиште да поттикне претприемачка атмосфера, а 93% сметаат дека е важно факултетот да ги учи вештини.

Студентите од сите региони се генерално оптимисти (53%)  во врска со квалитетот на високото образование на својата земја, меѓутоа не се баш уверени во вредноста што ја добиваат од високообразовните системи. 

 

 

info