Оглас за вработување во Инспекциски совет

Оглас за вработување во Инспекциски совет

Врз основа на член 16 став 9 од Законот за инспекциски надзор (Службен весник на РМ бр. 50/2010, 162/2010, 157 /2011, 147 /2013, 41/2014 и 33/2015), Владата на Република Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС за именување претседател на Инспекциски совет


1) Согласно Законот за инспекциски надзор, кандидатите за претседател на Инспекциски совет треба да ги исполнуваат следните услови:- да е државјанин на Република Македонија, што се докажувасо доказ за државјанство,- да има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правните или економските науки, што се докажува со уверение,- има најмалку шест години работен стаж во струката по дипломирање, што се докажува со потврда за работен стаж издадена од надлежен орган,- активно го познава англискиот јазик,- користи компјутерски програми за канцелариско работење и- соодветен е за раководно работно место.

2) Претседателот на Инспекцискиот совет се избира за вршител на должност за период од 3 месеци, за кој период е должен да ги достави следните докази: -еден од следните признати меѓународни сертификати за активно познавање на англискиот јазик: ТОЕФЕЛ (TOEFEL)- и тоа за IBT најмалку 74 бода, CBT најмалку 203 бода, PBT најмалку 537 бода; ИЕЛТС (IELTS) најмал ку 6 бода; ИЛ ЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal)- на јмалку Б2 (B2) ниво; ФЦЕ (FCE)(Cambridge English: First)- положен; BULATS (БУЛАТС)- на јмал ку 60 бода; ALTE (АЛТЕ)- најмалку ниво 3 ил и кој било друг сертификат на нивото Б2 (B2) на Европската јазична рамка на Советот на Европа (CEFR), издаден од офици јален европски тестатор, член на здружението на АЛТЕ на европските тестатори, -еден од следните меѓународни признати сертификати за користење на компјутерски програми за канцелариско работење: Certiport: IC 3 GS4 Кеу Applications- положен; Microsoft: МОЅ Word или МОЅ Ехсе1- положен или ECDL: Соге- положен, -мислење за соодветност за раководно работно место, преку полагање на психолошки тест со елементи на интегритет. По доставувањето на доказите од точка 2 во рок од три месеци, вршителот на должност, се избира за член на Инспекцискиот совет со мандат од три години со право на уште еден повторен избор, во спротивно функцијата му престанува. Членот на Инспекциски совет не може да биде член во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на РМ или Владата на РМ.

3) Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација: -кратка биографија; -уверение за државјанство; -диплома за завршено високо образование најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правните или економските науки, што се докажува со уверение; -доказ дека има најмалку шест години работен стаж во струката по дипломирање што се докажува со потврда за работен стаж издадена од надлежен орган.
4) Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена кај нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Македонија бул. „Илинден" бр. 2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување претседател на Инспекциски совет"

5) Коефициент за пресметување плата: 3, 9 согласно член 16 став 17 од Законот за инспекциски надзор (Службен весник на РМ бр. 50/2010, 162/2010, 157/2011, 147/2013, 41/2014 и 33/2015).
6) Работното време изнесува 40 (четириесет) часа неделно, односно 8 (часа) дневно во текот на работната недела, од 8:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок -полно работно време.

7) Јавниот оглас ќе трае 8 (осум) дена сметано од наредниот ден од денот на об јаву вањето на огласот во дневните весници.

8) Претседателот на Инспекцискиот совет го избира и разрешува Владата на Република Македони ја, со ман дат од три години со право на повторен избор.

9) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.