Човекот за првпат проба зеленчук пораснат во вселената

Човекот за првпат проба зеленчук пораснат во вселената

Подготвил: Драгана Петрушевска

Астронаутите кои моментално се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица се првите луѓе кои дегустираа храна порасната во вселената, на нулта гравитација.


Зелената салата која била засадена и одгледувана во станицата била проверена за безбедноста, а потоа биле дегустирана од страна на астронаутите. Примероци од салатата биле испратени назад кон Земјата за понатамошни истражувања.





Технологијата која била искористена за растење на салатата е важна за идните патувања во вселената од страна на човекот и некогаш веројатно ќе помогне во колонизацијата на Марс.