ХОПС - Повик за учесници летна школа за превенција на ХИВ

ХОПС - Повик за учесници летна школа за превенција на ХИВ

„ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“ и „НВО Лавиринт“ од Приштина, Косово ја организираат Првата Летна школа за превенција на ХИВ. Оваа летна школа ќе понуди мултидисциплинарен пристап во учењето на превенцијата на ХИВ, земајќи ги во предвид социјалните, медицинските, безбедносните, психолошките и правните прашања, како и прашањата поврзани со политиките за превенција на ХИВ.

Целта на школата е да креира поддржувачка околина за идните професионалци кои ќе работата на полето на превенција на ХИВ во Македонија и Косово.

Програмата на школата е фокусирана на моделите на политики за превенција на ХИВ, третман базиран на докази, институционални и вон-институционални механизми за превенција на ХИВ, маргинализираните групи и родовите перспективи и човековите права во развивање и спроведување програми за превенција на ХИВ.

Критериуми за учество:

•Дипломирани или студенти од завршните години на студии од:
- областа студии за социјална работа и социјална политика
- областа правни студии
- областа медицински студии
- областа студии за безбедност, полиција и детективи
- областа студии за психологија
• Постдипломци од наведените области
• Млади стручни работници кои веќе работат на полето на превенција на ХИВ

    Пријавените кандидати треба да бидат помлади од 35 години.
    Пријавените кандидате треба да доаѓаат од една од наведените општини: Град Скопје, општина Тетово, општина Гостивар, општина Куманово во Македонија и општина Приштина, општина Гњилане, општина Призрен или општина Качаник од Косово.  

Предавачите ќе бидат искусни практичари, доктори, социјални работници, активисти за човекови права  и професори  од Македонија и Косово.

Локација:
Хотел Белведере, Охридско езеро, Македонија

Работен јазик:
Официјални јазици на летната школа се македонскиот и албанскиот. Симултан превод ќе биде обезбеден за време на сите сесии, и консекутивен превод за време на посетата на организации.  


Програма (теми кои ќе бидат опфатени):

• Координиран одговор во едукацијата на млади кадри во однос на превенција на ХИВ
• Глобална состојба со ХИВ/СИДА во светот, Македонија и Косово
• Дефинирање на ХИВ/СИДА – општи информации
• Програми за превенција на ХИВ кај маргинализирани заедници – мажи кои имаат секс со мажи, затвореници, сексуални работници/чки, корисници на дроги, лица кои живеат со ХИВ/СИДА
• Зошто луѓето употребуваат дроги
• Третман на лица зависни од дроги
• Институционални механизми за ХИВ превенција во Македонија и Косово
• Родовите аспекти и човекови права во развивање и спроведување на програми за превенција на ХИВ/СИДА во Македонија и Косово
• Посета на програмата за намалување на штети во Охрид


Сертификат за учество на летна школа и стекнати знаења ќе добијат сите учесници.

Начин на пријавување:
Вашата заинтересираност и мотивираност за учество на Летната школа изразете ја во мотивациско писмо и заедно со Вашата кратка биографија (CV) испратете ги на е-маил: anicad@hops.org.mk најдоцна до 10 септември 2015 година.
Сите трошоци за летната школа се обезбедени од организаторот (сместување, оброци и пијалоци за време на оброците, патни трошоци).

Рок за пријавување:
10 септември 2015 година

Сите пријавени кандидати ќе бидат известени за исходот, по електронски пат најдоцна до 15 септември 2015 година.


Контакт:
www.hops.org.mk
Аница Димовска – Програмска асистентка за едукации
ЦЕДИ – Центар за едукации, документирање и истражување
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Понеделник до петок од 09 до 16 часот
02/ 5200 732
anicad@hops.org.mk