Како помина првиот ден од првиот уписен рок на УКЛО?

Како помина првиот ден од првиот уписен рок на УКЛО?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Пријавувањето на десет факултети и една висока школа на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола се одвива непречено и без проблеми.

 

уписи


Заинтересираните кандидати потребните документи за упис ги доставуваат на соодветните високообразовни инсититуции.

Пријавувањето во првиот уписен рок се спроведува на 12,13 и 14 август. Според податоците добиени од единиците, бројот на пријавени кандидати во првиот ден, изнесува околу 600 студенти.

И оваа година битолскиот универзитет ја продолжува заложбата за стипендирање на најдобрите. Највисоко рангираните студенти во првиот уписен рок се ослободуваат од плаќање партиципација.

Според Конкурсот, во академската 2015/2016 година на прв циклус студии на Универзитет „Климент Охридски” - Битола има вкупно 3.803 места: 2.090 во државна квота, 965 со кофинансирање и 748 за вонредни студии.

Износот за партиципација е 200 евра во државна квота, 100 евра зa дисперзираните студии  и по 400 евра за кофинансирање и за вонредни студии.

Вториот уписен рок ќе се одржи на 2 и 3 сепетмври, а третиот на 14 септември 2015 година.